Шести по ред џиу-џицу семинар во Куманово

16.03.2016 13:25 | KumanovoNews

Оваа сабота ќе биде одржан шести по ред семинар по боречката вештина џиу-џицу, на кој ќе можат да учествуваат сите љубители на боречките вештини.

Шести по ред џиу-џицу семинар во Куманово

Клубот The strongest and Roots BJJ Куманово повторно е организатор на овој настан, каде што инструктор ќе биде Ивица Алексовски, главен тренер во The strongest and Roots BJJ Македонија и Претседател на Македонската Федерација за бразилска Џиу-џица.

Семинарот буди интерес меѓу кумановчани и од година во година е се помасовен. Освен бразилската џиу џица која е главна тема на овој настан, на тренингот се прават компарации на техниките со Џудо, Џит Кун До, ММА. Сигурен сум дека сите учесници ќе бидат задоволни - изјави Мартин Стефановски, тренер во клубот.

Семинарот ќе се одржи во сабота со почеток во 11 часот, во Ронин Доџо(во близина на Старата црква и центарот за странски јазици ИКЛ). Цена на учество е 300 денари за членовите на The strongest and roots, и 400 денари за надворешни учесници. Информации може да добиете на телефон 077/705-039

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk