Силно Суперлигашко темпо - Куманово утре гостува на Лирија

12.04.2013 10:56 | KumanovoNews

Само два дена одкако загубија од Кожув, кошаркарите на Куманово утре во Сарај гостуваат на екипата на Лирија каде што ќе се обидат да ја забележат првата победа во Супер-лигата.

Силно Суперлигашко темпо - Куманово утре гостува на Лирија

Изабраниците на Луковиќ беа во одлична форма за време на Куп натпреварите, а добрите игри требаше да се пренесат на терен и во Суперлигашкиот дел од сезоната и настапите во БИБЛ Лига. Сепак повредата на Димчевски ја исфрли од колосек кумановската екипа, која ќе има тешка задача, да се врати на победничките патеки против тимот на Лирија.

Куманово и Лирија последен пат се сретнаа во рамките од Купот на Македонија, каде што Куманово после маратонскиот меч излезе како победник.

Поразениот од овој дуел веројатно останува само со теоретски шанси за пласман во Плеј-оф натпреварувањето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk