Случајот „Гошинце“ го одложи натпреварот Шкендија - Вардар

21.04.2015 13:05 | KumanovoNews

Утрешниот дерби натпревар од 26.коло во Првата лига на Македонија, меѓу Шкендија и Вардар, што требаше да се игра во Куманово, е одложен.

Случајот „Гошинце“ го одложи натпреварот Шкендија - Вардар

Комисијата за натпревари при ФФМ ја прифатила сугестијата на МВР, поради нарушената безбедносна состојба во кумановскиот регион и денешните случувања во липковско Гошинце, сепак, натпреварот е одложен, пишува порталот Екипа.

Допрва ќе биде одлучено кога и каде ќе се одигра овој натпревар, а останатите натпревари од 26.коло засега останува да се играат утре, со почеток во 16 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk