Соколи го нанесоа шестиот пораз на Куманово

24.04.2017 10:06 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето кај Карпош Соколи со резултат 100-75.

Соколи го нанесоа шестиот пораз на Куманово

Тимот од Карпош не дозволи изненадување на натпреварот и од самиот старт имаше водство кое не го испушти до крајот на натпреварот.

Дарко Соколов постигна 18 поени во победата на Карпош Соколи. Димитар Караџовски беше најефикасен во Куманово со 15 поени.

Борбата за четвртата позиција се закомплицира со победата на Фени над Кожув, и сите три конкуренти се во игра за место во Плеј-оф. Работнички со победата над МЗТ Скопје го обезбеди своето место во плеј-оф, а до крајот на сезоната сигурно ќе се обиде да обезбеди и предност на домашен терен.

Следниот натпревар Куманово го игра во среда против Фени Индустри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk