Соколи се првиот противник на Куманово во Супер-купот

21.09.2016 12:12 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре во 20:30 ќе играат против тимот на Карпош Соколи, во рамките од Супер купот на Македонија.

Соколи се првиот противник на Куманово во Супер-купот

На вчерашната прес конференција сите екипи најавија дека овие натпревари ќе ги искористат како подготвителни за сезоната што престои.

Меѓу најквалитетните четири тима, Куманово последно ги има започнато подготовките, меѓутоа има и три репрезентативни кошаркари кои работат цело лето. Тренерот Србиновски изјави дека сеуште се формира ростерот на тимот, а оваа натпреварување ќе биде тест за капацитетот на странските засилувања.

Првиот натпревар од турнирот е меѓу МЗТ Скопје и Фени Индустри и ќе се игра утре од 18 часот. Натпреварите се играат во салата Јане Сандански во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk