СП Бразил: Фифа ги одбра шеширите за ждрепката

03.12.2013 23:26 | KumanovoNews

Светската фудбалска организација ги објави резултатите, како ќе бидат распоредени по шешири финалистите на осумте групи на престојното Светско првенство во Бразил.

СП Бразил: Фифа ги одбра шеширите за ждрепката
1 шешир:  Бразил, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Германија, Белгија и Швајцарија.
2 шешир:  Чиле, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Камерун, Нигерија, Гана и Алжир.
3 шешир: САД, Хондурас, Коста Рика, Јапонија, Мексико, Кореја, Австралија и Иран.
4 шешир: Италија, Англија, Португалија, Хрватска, Грција, БиХ, Русија и Франција.

За да се израмни бројот на барабаните со по 8 селекции, дополнително ќе се извлекува една од европските земји и од четвртиот шешир ќе се префрли во вториот каде сега има 7 селекции.

Почетокот на церемонијата ќе биде одржана во петок со почеток од 17 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk