СП:Бразилците први полуфиналисти во одбојка

18.09.2014 06:39 | KumanovoNews

Репрезентацијата на Бразил е прва која обезбеди пласман во полуфиналните средби на Свтското првенство во Полска.

СП:Бразилците први полуфиналисти во одбојка

Синоќа во Лоѓ во второто коло од Х групата ја совладаа екипата на Русија со 3-0.

Вечерва во 20 часот и 30 минути домаќинот Полска ќе се бори за полуфинална средба против екипата на Русија.

Овој пат на домаќинот му одговара и пораз на екипата со само два освоени сета.

Во Катовице во групата Г, репрезентацијата на Германија го сповлада Иран со 3-0 во сетови.

Вечерва во оваа група играат репрезентациите на Франција и Иран.

Табела група Г: Франција 3 бода, Германија 3, Иран 0.

Табела групаХ: Бразил 4 бодови, Полска 2, Русија 0.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk