Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Светското првенство во фудбал, најзначајниот спортски настан на планетата, за првапат во историјата ќе започне со концерт, еден ден пред официјалното отварање.
Ќе присуствуваат претставници на ФИФА, на организаторот Јужна Африка и голем број познати лица од светскиот фудбал, а на концертот кој треба да трае три часа, главната улога ќе ја има колумбиската пејачка Шакира, која ќе ја испее песната "Waka Waka (Тhis Тime For Afrika)", официјалната химна на Светското Првенство.
Спектаклот ќе го следат oколу 30.000 луѓе колку што собира стадионот, а влезниците за привилегираните кои успеаја да обезбедат место чинат од 40 до 125 фунти.
Свечената церемонија е закажана за утре, а од 16 часот домаќините Јужна Африка и Мексико ќе го одиграат првиот натпревар.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk