Шпанија првак во светот!

12.07.2010 07:39 | KumanovoNews

 Фудбалерите на Шпанија станаа прваци во светот откако во финалето ја победија Холандија со 1:0 во продолженијата!

Шпанија првак во светот!

 До првата историска победа „фуријата„ ја доведе Андрес Иијеста со погодокот во 117 минута пред преполниот стадион Сокер Сити во Јоханенсбург.

 Финалето не донесе добар фудбал и се вклопи во добар дел од Мондијалот. Во натпреварот имаше многу прекршоци, грубости и тркалање по теренот, многу картони...

Портокаловите и во третиот обид не успејаа да го  освојат светскиот трофеј.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk