Спектакл во Спортката сала

28.10.2012 18:40 | KumanovoNews

Денеска во Куманово гостуваше екипата на Црвена Звезда, и приредија вистински празник на кошарката.

Спектакл во Спортката сала

Спортската сала во Куманово беше претесна за љубителите на кошарката во Куманово кои имаа можност да уживаат во атрактивен меч. Во салата беа присутни и гостински навивачи, па иако натпреварот беше прогласен со висок ризик немаше инциденти а двете групи направија одлична атмосфера во салата.

Иако резултатот беше во втор план, Куманово забележа убедлив пораз на овој меч. Резултаот на полувеме беше 33:53, а конечен резултат на мечот беше 66:88.

Најефикасни кај домашните беа Луковиќ со 17 и Младеновиќ со 16 кошови додека пак кај гостите Суботиќ и Катиќ уфрлија по 15 коша.

Кошаркарите на Црвена Звезда покажаа како се бранат боите на еден клуб  а и висока одговорност и професионалност која што недостасува кај многу македонски екипи. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk