Србија ни се извини

12.01.2012 15:36 | KumanovoNews

Ракометната федерација на Србија се извини на македонската федерација за „пропустот“ во натпреварот Србија - Македонија

 
Србија ни се извини

На пријателскиот ракометен натпревар меѓу Србија и Македонија кој се одигра во неделата, РТС, македонската екипа ја потпиша со БЈР Македонија. Ваквиот потег наиде на осуда во македонската јавност и се толкуваше како намерна провокација на северниот сосед, пред самиот почеток на Европското првенство во ракомет кое се одржува во Србија.

Ракометната федерација на Србија испратила извинување до РФМ во име на државната телевизија на Србија за направениот пропуст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk