Средношколско првенство во мал фудбал

16.12.2010 15:32 | KumanovoNews

 Гимназијата „Гоце Делчев„ во соработка со Општинскиот Сојуз на училишно спортови е домаќин на второто годинешно првенство во мал фудбал.

Средношколско првенство во мал фудбал

Учество ќе земат шест екипи од Скопје, Кичево, Прилеп и Куманово. Првенството ќе трае три дена, а натпреварите ќе се играат во Спортската сала, и тоа по два нетпревари претпладне и попладне. Во сабота ќе се играат финалните натпревари и затоа ги повикуваме граѓаните да дојдат во што поголем број да дадат подршка на овие млади спортисти - вели  Зоран Илиевски професорот по физичко во гимназијата Гоце Делчев.

Победникот од ова првенство ќе ја претставува државата на светското првенство за средношколци во Бразил и тоа ќе биде мотив плус да се биде најдобар.

Првенството го отвори директорот на гимназијата Љубиша Николиќ пред голем број гости од градот и  учесници на првенството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk