ССМ организира турнир во мал фудбал за Видовден

23.06.2014 12:23 | KumanovoNews

Српската странка во Македонија, по повод празникот Видовден, организира повеќе активности меѓу кои и хуманитарен турнир во мал фудбал.

ССМ организира турнир во мал фудбал за Видовден

  - Турнирот ќе трае 9 дена со учество на повеќе екипи од градот и приградските населби, ќе има хуманитарен карактер со цел да се помогне на граѓаните на Република Србија зафатени со катастрофалните поплави. Турнирот Видовден 2014 почна на 20 јуни и ќе трае до 28 јуни на игралиште за мал фудбал во село Долно Којнаре од 19 до 23 часот - велат од партијата.

Собраните средства од фирмите кои ќе донираат ќе бидат уплатени на сметка на амбасада на Република Србија и од тука ќе бидат уплатени за настраданите во Србија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk