Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со натпреварот Грција - Кина утре во 15.00 часот, започнува 16. Светско првенство во кошарка, што се одржува во Турција. И покрај одсуството на главните ѕвезди во репрезентациите, кои поради повреди или поради одмор, кошаркарската публика очекува интересни и квалитетни натпревари.
Главни фаворити, повторно се репрезентациите на Шпанија и САД, а како фаворити од сенка се споменуваат тимовите на незгодната Аргентина, Бразилм, како и суспендираните Србија и Грција.
Најавеното неиграње на По Гасол, и не беше толку голем удар за шпанската јавност, како што беше повредата на Хозе Калдерон пред неколку дена. Мислењата на критичарите се поделени. Според некои, „Црвената фурија“ не е истата со и без Гасол и Калдерон, додека другите велат дека и нивното отсуство е незабележително.
САД немаат освоено светско првенство уште далечната 1994 година, кога за последен пат настапи според многумина најдобриот „дрим-тим“ на сите времиња. Во оваа екипа нема ниту еден играч од тимот што дојде до Олимпиското злато во Пекинг, но сепак не изостанува квалитетот на играчите за кои Кшижевски се има определено. По Србија тие ја имаат најмладата репрезентација предводена од искусните Билапс и Одом, најавуваат брза атрактивна и стабилна игра во текот на шампионатот.
Веднаш зад главните фаворити, следува група на репрезентации за кои се очекува пласман меѓу најдобрите.
Аргентина е константно добра на последните настапи, па и покрај неиграњето на Ману Џинобили влегува во групата на можни фаворити. Последен удар за нивната репрезентација е полесната повреда на Носиони, но Филаделфија 76 му забрани настап на Светското првенство.
Големо внимание предизвикаа репрезентациите на Грција и Србија до инцидентот на Акрополис купот, како и колкави казни ќе изрече ФИБА. Суспензија од два натпревара за Фоцис, Скорцинаитис и Теодосиќ, и три за Крстиќ. Грците се незгоден противник, а тоа го докажаа минатото првенство со победата на САД во полуфиналетно. Моментално тие имаат проблем со центарската линија, бидејки Бурусис има повреда на дланката, а Скорцинаитис полесна повреда на тетивата и суспензија од 2 натпревара. Сепак и двајцата се наоѓаат во екипата на Клазгаускас.
По титулата од 2002 година, Србија влегува како најуспешна репрезентација со 5 светски титули. „Децата на Дуда“ повторно се најмладата репрезентација на првенството, но со среброто на Европското првенство минатата година, покажаа дека се сериозна репрезентација која оваа година е поискусна и посозреана.
Бразил, Турција, Франција, Русија, Хрватска, Словенија се само дел од репрезентациите кои ќе се борат за висок пласман.
Четирите најдобри репрезентации од сите групи ќе се пласираат во осминафиналето, по што се до крајот на првенството се игра по систем на елиминации.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk