Штерјов пристигнува во Куманово, Мандиќ останува, Костовски и Инграм пред кам-бек?!

18.08.2014 09:34 | KumanovoNews

Поранешниот кошаркар на Кожув, Александар Штерјов е нов играч на КК Куманово.

Штерјов пристигнува во Куманово, Мандиќ останува, Костовски и Инграм пред кам-бек?!

Штерјов игра на центарската позција, висок е 208цм. и има 28 години. Минатата сезона во сите конкуренции остваруваше 10 поени и 5 скока во просек.

Според информациите од КК Куманово, миленикот на домашната публика, Вукашин Мандиќ ќе остане во Куманово уште една сезона, а во најава се два поранешни кошаркара на КК Куманово. Ентони Ли Инграм е во преговори со тимот од Куманово, а се шпекулира дека и Александар Костовски е пред враќање во клубот каде што ги одигра своите најуспешни сезони.

Костовски и минатата сезона беше поврзуван со КК Куманово, но сепак враќањето не се реализираше, па најверојатно по завршувањето на квалификациониот турнир ќе биде познат неговиот статус.

Марјан Младеновиќ и Марјан Јанески се под догвор со клубот за оваа сезона.

Веќе е сигурно дека оваа сезона Куманово под водство на Игор Михајловски ќе има одлична екипа со која ќе може да ги нападне трофеите во домашното првенство и БИБЛ лигата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk