Страшо Тодоровиќ е избран за тренер на годината

22.12.2015 14:42 | KumanovoNews

Тренерот на Куманово Страшо Тодоровиќ ќе го понесе признанието тренер на годината, кое го доделува Македонската кошаркарска федерација.

Страшо Тодоровиќ е избран за тренер на годината

Извори од клубот ја потврдија таа информација, напоменувајки дека ова е голем успех за Тодоровиќ лично, но и за КК Куманово.

Страшо Тодоровиќ до сега имаше два мандата како прв тренер на КК Куманово. Минатата сезона го водеше клубот до финале на домашното првенство, а оваа сезона го презема клубот по лошите резултати на Љубисав Луковиќ и успева да го врати на старите патеки.

Најдобар кошаркар оваа сезона повторно е Војдан Стојановски, кој оваа признание го добива трет пат по ред.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk