Стрелачкиот клуб “Куманово 2000“ стана државен првак

13.05.2014 09:44 | KumanovoNews

Стрелачкиот клуб “Куманово 2000“ викендов во Скопје на државното првенство се стекна со титула државен првак.

Стрелачкиот клуб “Куманово 2000“ стана државен првак

Во категорија сериска воздушна пушка клубот во екипна конкуренција за сениори постигна резултат од 988 круга и го освои златниот медал со што стана државен првак на Македонија.

Поединечно злато доби Димитар Димковски, сребро Атанас Андоновски и бронза Владица Јовановиќ.

Тренерот Ѕвонимир Бошковски е задоволен од постигнатите резултати на првенството во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk