Стрит бол турнир кај Кошеви

30.08.2012 06:17 | KumanovoNews

 Социјалдемократската младина на Македонија вечерва организира хуманитарен турнир во Стрит бол.  Турнирот ќе се одржи на спортските терни кај т.н. Кошеви во населбата Гоце Делчев.

Стрит бол турнир кај Кошеви

Натпреварувањата ќе започнат во 17 часот, а ќе продолжат утре. Ќе се натпреваруваат 20 екипи, кои ќе донираат по 400 денари за семејство кое има дете со здравствени проблеми. На овој начин сакаме да ги потикнеме и останатите млади во градот да се посветат на спортот и на хуманоста- вели претседателот на СДММ Куманово, Младен Давидовиќ.

Тој ги повикува младите од градот и сите граѓани да дојдат да навививаат за натпреварувачите, а воедно да уживаат во оваа хуманитарно-спортска манифестација.  



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk