Суспендиран теренот на Башкими по инцидентот со Саса

26.09.2023 16:16 | Сузана Николиќ

 Теренот на ФК Башкими е суспендиран, откако се случи инцидент на натпреварот со Саса. 

Суспендиран теренот на Башкими по инцидентот со Саса

„Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ“, соопшти ФФМ.

Оваа одлука доаѓа откако на натпреварот во Втората лига ФК Башкими и ФК Каменица Саса, навивач на Башкими влезе на теренот и удри еден од гостинските фудбалери. 

(фото.ффм)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk