Куманово загуби од Сванс Гмунден и го заврши настапот во ФИБА Европа Купот

29.09.2021 08:04 | Стефан Николиќ

Кошаркарите на Куманово не успејаа да се пласираат во следната фаза од ФИБА Европа Купот и загубија од австрискиот шампион Сванс Гмунден со резултат 60:83. 

Куманово загуби од Сванс Гмунден и го заврши настапот во ФИБА Европа Купот Фото: www.fiba.basketball/europecup

Кумановчани имаа лошо отварање на мечот, не успејаа да направат изненадување кое ќе ги врати резултатски во игра, па австрискиот тим речиси рутинирано го одигра натпреварот и се пласираше во наредната фаза. Уште во првиот период Куманово имаше двоцифрена негатива, а по паузата од полувреме брзо стигна и до дваесет поени. Куманово немаше разиграни играчи во овој меч, а американците Џонатан Холмс со 16 поени и Калб Јосеф со 13 поени беа најефикасни поединци во редовите на Куманово и единствени со двоцифрен број на поени. 


За тимот на Сванс Гмунден, Бранден Ли Огбурнс постигна 17 поени, а Тони Блазан го заврши мечот со 15 поени.


После овој пораз, Куманово останува на интернационална сцена, играјќи во БИБЛ лигата, а овој викенд започнува и домашното првенство, каде што во првиот натпревар ќе играат против дебитантот во прва лига, Ангели од Скопје. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk