Светот добива нов шампион

11.07.2010 13:10 | KumanovoNews

Вечерва на стадионот Сокер сити во Јоханезбург, Холандија и Шпанија ќе се борат за првата титула шампион на светот. Големиот фаворит, „црвената фурија“ или „лалињата“ ќе се приклучат на елитното друштво каде се Бразил, Италија, Германија, Уругвај, Англија, Франција и Аргентина.

Светот добива нов шампион

Тимот на Ван Марвик има максимален учинок на турнирот во Јужна Африка, но против себе има екипа која игра се подобро и подобро во елиминационата фаза. Против себе ја имаат и прогнозата на октоподот Пол, кој најави победа на Шпанија.

Победивме на сите шест натпревари на турнирот и тоа ме прави задоволен. Сепак многу грешиме при завршницата на акциите. Шпанците до сега створија помалку шанси, но и помалку грешеа кога беа во ситуација да постигнат гол - изјави Ван Марвик.

Негов најголем адут е Весли Снајдер, кој покрај одличните игри во Интер, крунисани со тројната круна, во исто темпо продолжи и на Светското првенство, каде до сега постигна 5 гола.

Холанѓаните нема да имаат проблеми при составување на тимот, немаат повредени или суспендирани играчи.

Најголемиот успех на Шпанија е четвртото место од далечната 1950 година, каде ја зазема четвртата позиција.

Тренерот на Шпанија, Дел Боске ги пофали двете екипи но и се обиде да ја смали еуфоријата која настана по победата над Германија.

Двата тима играат одлично. Имаат одлични техничари кои се и многу креативни. Ова ќе биде вистинска реклама за фудбалот. Сепак мора да влеземе во мечот со ладни глави - изјави Дел Боске.

Овој натпревар ќе биде шанса за Виља или Снајдер да ја освојат Златната копачка, бидејки и двајцата се на врвот на листата со по 5 постигнати гола.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk