Светски првак во бокс, нокаутирал 6 крадци

10.10.2012 09:27 | KumanovoNews

Боксерот Амир Кхан овој викенд успеал да нокаутира дури 6 крадци кои сакале да му го украдат автомобилот.

Светски првак во бокс, нокаутирал 6 крадци

Кхан во неговите последни два натпревари останал без две светски боречки титули. Освен што не му одело во рингот, овој викенд се нашол на мета на група на крадци кои се обиделе да го украдат неговиот Range Rover Sport.

Откако Амир со своите браќа се враќал од забава, крадците им застанале на пат и ги нападнале. Кхан не сакал да се помири со губењето на автомобилот, па ги нокаутирал сите 6 крадци, еден по еден.

Сведок открива дека на еден од крадците му удрил шамар, а потоа го нокаутирал, за потоа останатите да се фрлат на него. Но, ниту тие не поминале најдобро.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk