Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младот и талентиран тенисер Алексеј Стојановски, член на Тенискиот клуб „Тумба" од Куманово ќе учествува на квалификациите за јуниорскиот Дејвис куп (Davis Cup) до 14 години, кој оваа недела се одржува во Газиантеп, Турција.
„Алексеј е дел од македонската репрезентација и има чест да ги брани боите на нашата земја, како и на нашиот клуб, на ова престижно меѓународно натпреварување. Ова е огромно искуство за него како млад спортист, но и големо признание за неговата посветеност, труд и резултати на теренот. Убедени сме дека ќе даде сѐ од себе и достоинствено ќе нѐ претстави“, велат од клубот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk