Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамките на Тениската федерација на Македонија, Тенискиот клуб Куманово овој викенд ќе биде домаќин на Регионалниот детски Чунга-Лунга турнир во тенис.
Детскиот тенис турнир ќе биде поделен во две категории и тоа црвен тенис на кој учество земаат деца од 4 до 8 години, и портокалов тенис каде ќе се натпреваруваат учесници од 8 до 10 години.
На турнирот ќе учествуваат девет членови од нашиот тениски клуб, а сите заинтересирани кои сакаат да се придружат на нашата екипа можат да се пријават на фејсбук страната на ТК Куманово. Конечнот пласман на турнирот се бодува, и учесниците се пласираат на ранг-листата на ниво на нашата држава - изјавија од тенискиот клуб Куманово.
Во Куманово пристигнуваат екипите од Источниот регион, односно екипите на Крива Паланка, Кратово, Штип, Велес, Кочани и Струмица.
Натпреварите ќе се играат во недела со почеток од 10 часот, на игралиштата на градскиот кеј во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk