Тесна победа на Куманово во Бар

10.02.2015 19:32 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово забележаа победа против тимот на Морнар со резултат 86-88.

Тесна победа на Куманово во Бар

И покрај НБА четвртината која ја одиграа домаќините, Бар не успеја да се радува на победата во својата сала.

Куманово започна фуриозно во првиот период кога водеа со 8-22 на минута пред крајот на првата четвртина. Морнар се консолидираше ја смали разликата по што Куманово се врати на двоцифрена предност.

Фантастичната трета четвртина на Морнар е таа што можеше да го сврти натпреварот. Морнар предводен од Јелениќ и Корач успеја да постигне 38 поени во третиот период. Она што загрижува е катастрофалната одбрана на Куманово, која допушти толку голем број поени за една четвртина.

После одличната серија, Морнар зголеми на 9 поени разлика кои неуспеја да ги сочува до крајот на натпреварот.

Урош Луковиќ постигна 26 поени и 13 скока и Алексанар Костовски го заврши натпреварот со 18 поени и 6 асистенции.

Кај домаќинот, Корач беше најуспешен со 25 поени.

Со оваа победа, Куманово напредува до втората позиција на табелата.

Следен натпревар е против екиапта на Гоце Делчев Штип, на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk