Тинејџерката Стивенс е сензација на Австралија Опен

23.01.2013 11:05 | KumanovoNews

Американската тинејџерка Слоан Стивенс се пласираше во полуфинале одкако успеја да ја победи Серена Вилијамс.

Тинејџерката Стивенс е сензација на Австралија Опен

Патот до победата беше олеснат поради повредата на грбот на Вилијамс со која таа играше во втората половина од мечот.

Се гледаше дека има поспор сервис но тоа е Серена. И повредена играше одлично и беше прецизна. - изјави Стивенс.

Таа мечот го доби со  3:6, 7:5, 6:4 а во полуфинале ќе игра против Викторија Азаренка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk