Тодоровиќ потпиша за Куманово, Штерјов се враќа во Кожув, Келер е пред потпис!?

07.08.2015 10:10 | KumanovoNews

Младиот кошаркар Миодраг Тодоровиќ кој е по потекло од Куманово, го потпиша својот прв договор и следната сезона ќе настапува во тимот на Куманово.

Тодоровиќ потпиша за Куманово, Штерјов се враќа во Кожув, Келер е пред потпис!?

Тодоровиќ е млад кошаркар роден 1997 година, и игра на бековските позиции. Тој потекува од кошаркарската школа Јуниор од Скопје.

Резервниот центар на Куманово, Александар Штерјов се враќа во Кожув. Минатата сезона Штерјов не успеја да се снајде најубаво, а врз него лошо се одрази и тренерската промена. Тој се враќа во тимот каде што ја имаше својата најдобра сезона, а во Куманово постигнуваше 6 поени и 2 скока во просек, за 15 минути поминати на паркетот.

Неофицијално, замена на центарската позиција би требало да биде унгарецот Акос Келер, кој минатата сезона играше за АБА лигашот Солнок. Келер е крилен центар кој може да игра и на позицијата центар, има 208 центиметри и располага со одлични атлетски способности за неговата висина. Минатата сезона во АБА лигата за 17 минути на паркетот постигнувал 6 поени и 5 скока во просек по натпревар.

Фото: www.bb1.hu, https://www.facebook.com/miodrag.t.todorovic
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk