Традиционална велосипедска трка „11 Октомври“ во Куманово

10.10.2019 14:05 | KumanovoNews

По повод празникот „11 Октомври“, утре во 10 часот ќе започне традиционалната велосипедска трка Трофеј - „11 Октомври“.

Традиционална велосипедска трка „11 Октомври“ во Куманово

Трката ќе се одржи низ главните два булевара на Куманово, „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, во должина од  5,1 км.

 – Стартот на трката ќе биде пред спортската сала со почеток во 10 часот каде што ќе се вози првата трка односно за помалите категории (кадети, жени), а втората трка ќе започне во 11 часот каде што силите ќе ги одмерат повозрасните категории, јуниори, сениори, мастерс, - информираат организаторите.

Организатори на овој спортски настан се: Велосипедски клуб Вело-М, Општински сојуз на спортови Куманово и Велосипедска федерација на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk