Трајковски доминираше против Бест

21.12.2015 11:11 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово забележаа победа во саботниот дуел против екипата на Бест. Натпреварот го одбележа одличната партија на Бојан Трајковски кој постигна 39 поени во победата на Куманово.

Трајковски доминираше против Бест

Неизвесноста на мечот траеше една ипол четвртина по што Куманово почна да го демонстрира својот квалитет. Трајковски е вистински чекор за Куманово, кој покрај 39 поени имаше и 15 скока и 4 асистенции. Покрај него единствен двоцифрен во Куманово беше Димитар Караџовски со 14 поени. Кај домаќинот Тајрон Херис постигна 28 поени 7 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки.

Конечен резултат на мечот беше 83-93.

Со оваа победа Куманово го поправи својот учинок и се искачи на третата позиција на табелата, а зад нив е Фени Индустри кој има натпревар помалку.

Во последното коло за оваа година, Куманово ќе го дочека големиот должник Струмица, која во првиот натпревар успеја да извојува победа против Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk