Трета победа на ФМП Академија против Куманово

14.02.2022 09:34 | KumanovoNews

И во третиот дуел на Куманово и ФМП Академија, тимот од Скопје забележа нова победа со резултат 84-68.

Трета победа на ФМП Академија против Куманово Фото: www.balkanleague.net

Куманово беше рамноправен противник само во првото полувреме, додека во третиот и четвртиот период тимот на Петровиќ обезбеди двоцифрена разлика која беше доведена во прашање само пред крајот на третиот период кога Куманово намали на шест поени негатива. Куманово на овој натпрвар играше без Ѓукан Ѓукановиќ кој е повреден.


Ненад Зивчевиќ постигна 23 поени за Куманово. Кај противникот Лука Стојановски го заврши натпреварот со 26 поени, а Били Ајви постигна 23 поени. Кумановецот во редовите на ФМП Академија Филип Стојановски постигна 10 поени.

Куманово следниот натпревар го игра против Пелистер кој сеуште нема пораз оваа сезона.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk