Три кошаркарски натпревари овој викенд во Куманово

18.10.2013 10:55 | KumanovoNews

Со натпреварот од Првата кошаркарска лига помеѓу КК Куманово и КК Вардар Апаве ќе започне богатата кошаркарска програма која ќе можеме да ја проследиме овој викенд во нашиот град.

Три кошаркарски натпревари овој викенд во Куманово

После поразот во БИБЛ лигата, кошаркарите на Куманово 2009 сигурно ќе имаат мотив повеќе да пред своја публика ја забележат првата победа во новата сезона на домашен терен. Во првото коло Куманово 2009 беше поуспешно од екипата на Струмица, додека Вардар Апаве загуби од тимот на Работнички.

Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот.

Овој викенд со своите натпревари започнуваат и екипите од Втора и Трета лига.

Тимот на КК Михајловски во недела во 17:30 ќе дебитира во македонските првенства, против екипата на Марфил Спорт од Прилеп. Тимот од Прилеп има слична структура како и тимот на Михаловски, составен претежно од млади играчи кои настапуваат и во младинските категории.

Веднаш после тој натпревар, од 19 часот екипата на КСК 2013 го игра првиот меч од новата сезона против тимот на Гоце Делчев од Штип. Тимот на Гоце Делчев и минатата сезона настапуваше во Втората кошаркарска лига, и сезоната ја заврши како четвртопласиран.

Сите натпревари ќе се одиграат во Спортската сала во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk