Tри нови спортски клубa во градот

14.08.2012 07:52 | KumanovoNews

 Куманово ќе добие два фудбалски и еден карате клуб. “Куманово 2012“ е фудбалски клуб кој е формиран пред една недела. Во меѓувреме се основа и втор фудбалски клуб “Студена Вода“ од населба Доброшане.

Tри нови спортски клубa во градот

Во Куманово постојат над 30 клубови. Во системот на натпреварување фудбалските клубови ќе влезат на есен. На иницијатива на граѓани се формираат нови клубови. Се оди на тоа секоја населба да има барем еден фудбалски клуб. Во “Студена Вода“ има млади фудбалери, постари од 15 години - велат од Општински сојуз на спорт.

Новиот карате клуб “Унсу“ ќе се отвори деновиве , а канцелариите ќе бидат во населба Карпош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk