Турнир во мал фудбал во Куманово

07.05.2012 09:15 | KumanovoNews

 Од 5 до 12 мај во Куманово ќе се оддржи турнир во мал фудбал. Најдобрата фудбалска екипа во земјава ќе замине во Полска, на Еуро-фанс 2012.

Турнир во мал фудбал во Куманово

Турнирот има за цел да го популаризира фудбалот како спорт. Во текот на април и почетокот на мај натпревари имаше прво во Струмица, а потоа и во Битола. По Куманово, турнирот ќе се пресели во Тетово, а  паралелно натпревари ќе има и во Велес. Најголем интерес за малиот фудбал има во Скопје, каде ќе има три квалификациски турнири. Најдобрите осум екипи од повеќе градови ќе си ги одмерат силите во главниот град од 21 до 27 мај. Специфично е тоа што натпреварите нема да се играат во сали, туку на отворени зелени терени каде ќе бидат монтирани метални конструкции.

Дозволено е да играат млади со навршени 16 години, но да не бидат професионалци. Екипите ќе се натпреваруваат со 5 играчи и еден голман.

Турнирот е во организација на Македонската и Светската асоцијација за мал фудбал. Учесниците ќе добијат вреди награди од спонзорите.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk