Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српска заедница во Македонија Регионална организација во Куманово, традиционално и оваа година ќе го одбележи Видовден со повеќе културни и спортски активности.
Прославата на националниот празник на Србите започнува во петок, а ќе трае до наредната недела.
Оваа година празникот ќе биде одбележан со турнир во мал фудбал ,,Видовден 2010,, кој ќе се одржи на спортскиот терен Соколана од 18.06.2010 до 27.06.2010 со почеток од 18 часот. Отварањето е во петок во 19 часот- се вели во соопштението на СЗМ.
Претставниците на Српска заедница во Македонија Регионална организација во Куманово, ги повикуваат сите љубители на фудбалот да го проследат овој спортски настан.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk