Турнир во женски фудбал во Речица

08.08.2025 10:31 | KumanovoNews

Женскиот фудбалски клуб Речица, викендов го организира традиционалниот Турнир во женски фудбал, кој ќе се одржи на стадионот Милтин Вељковиќ - Уча во Речица. 

Турнир во женски фудбал во Речица

На турнирот ќе учествуваат 4 екипи од Македонија и Србија.

„Турнирот ќе се одржи во сабота и недела / 9 и 10 август/ на теренот во селото Речица. Ќе учествуваат екипите на ЖФК Речица, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Љуботен и ЖФК Машинац Ниш. Првите натпревари ќе ги играат во сабота од 18 часот, помеѓу екипите на ЖФК Љуботен и ЖФК Машинац Ниш, а во 20 часот  ЖФК Речица и ЖФК Каменица. Во недела натпреварот за трето место ќе се игра во 17.30 часот, а финалето во 19.30 часот“, вели тренерот и организатор на турнирот Валентин Стоиловиќ.

На турнирот ќе се доделат пехари на најдобрите екипи, а ќе има награди и за најдобрите поединци- играч,  стрелец, голман и млад играч.

Турнирот го организра ЖФК Речица и Општинскиот сојуз на спортови, поради промоција и унапредување на женскиот фудбал во Општина Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk