Убедлив пораз на Лејкерси

31.01.2013 09:18 | KumanovoNews

Кошаркарите на ЛА Лејкерс по серијата од три победи повторно се поразени во натпревар од НБА лигата. Овојпат загубија од Феникс со 92-86.

Убедлив пораз на Лејкерси

Мајкл Бизли постигна рекордни 27 поени во редовите на домашната екипа која бркаше негатива од 13 поени во последната четвртина.

Драматичниот пресврт дојде на првата средба за Стив Неш против Феникс по заминувањето  во ЛА и Лејкерси.

За гостите фатален  момент беше повредата на Двајт Хауард  6,57 минути до крајот. Тој беше најдобриот скокач на теренот со 14 фатени топки. Кај Лејкерси најефикасен беше Брајант со 17 поени што е далеку под неговиот просек. Патем гостите од ЛА имаа дури 19 грешки што можеби заедно со успешните контри на Феникс (15) го реши овој меч.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk