Убедлива победа на Бал фор Лајф во последниот домашен натпревар

24.04.2017 10:18 | KumanovoNews

Кошаркарите на Бал фор Лајф забележаа убедлива победа против тимот на Марфил Спорт од Прилеп со резултат 105-72.

Убедлива победа на Бал фор Лајф во последниот домашен натпревар

Кумановскиот состав го покажа својот квалитет на овој натпревар и потврди дека заслужува да настапува во повисок ранг на натпреварување. Одлична партија во последниот период пружија и младите кошаркари Мартин Станковски, Иван Јовановски и Милош Величковски кои потекнуваат од младинскиот погон на клубот, а во последната четвртина успејаа да постигнат вкупно 25 поени и да ја одржат високата разлика.

Наум Јакимовски беше најефикасен поединец со 19 поени, додека Ненад Стојановски го заврши натпреварот со 18 поени.

Сениорскиот состав на Бал фор Лајф без пораз на домашен терен ја завршува сезоната во третата кошаркарска лига. Во последниот натпревар, тие ќе се обидат да ја продолжат низата од девет победи во низа, против тимот на МЗТ Скопје на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk