Укината е суспензијата на Дарко Станиќ

07.11.2013 09:11 | KumanovoNews

Српскиот репрезентативец и чуварот на мрежата на РК Металург повеќе не е суспендиран, откако управата на ракометниот клуб Металург ја укина казната по неговото непрофесионално однесување за време на натпреварот против Динамо Минск.

Укината е суспензијата на Дарко Станиќ

Дарко Станиќ повторно ќе застане на голот на Металург и викендов ќе биде дел од тимот во натпреварот против Војводина.

Дисциплинската комисија на клубот заклучи дека нема основа за понатамошно водење на судската постапка и со свое решение ја укина суспензијата на Станиќ.

Со големо задоволство можам да кажам дека во овој спор сепак победи здравиот разум и дека ги расчистивме сите недоразбирања. Најважно од се е што воспоставивме добра комуникација, она што досега ни недостасуваше. Свесен сум за мојот однос, но и јас сум човек со доблести и мани. Жалам што за прв пат во својата кариера бев суспендиран, но се надевам дека сето тоа ќе остане само едно лошо минато-изјави Станиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk