Украинките ги елиминираа кумановските ракометарки од Европскиот куп

23.11.2020 11:10 | KumanovoNews

По вториот пораз на ЖРК Куманово од украинскиот првак Галичанка Лвов со резултат 31-26, кумановските ракометарки викендов беа елиминирани од ЕКФ Купот.

Украинките ги елиминираа кумановските ракометарки од Европскиот куп

На гостински терен во Украина, на вториот натпревар со Галичанка Лвов, којшто се одигра во недела, кумановските ракометарки во првото полувреме покажаа подобри интервенции и беа во предност со еден гол разлика 16-15, меѓутоа во  второто полувреме поради грешки во нападот, Куманово заврши со пораз од  31-26.

„Причините поради кои сме елиминирани од Европскиот куп се очигледни, ние на домашен терен не се натпреваруваме со посилни екипи, а во моментот пријателските натпревари поради коронавирусот ги изместија работите“, велат луѓе коишто го следат ракометот во Куманово.

На првиот натпревар против Галичнка, ЖРК Куманово изгуби со резултат од 33-17.

Во моментот ракометарките се подготвуваат за натпреваrите во Домашното првенство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk