Улица именувана по Роџер Федерер

14.05.2012 11:18 | KumanovoNews

Улица во малиот германски град Хале беше именувана по швајцарскиот тенисер Рожер Федерер. Овој град секоја година е домаќин на Gerry Weber Open, турнирот на трева кој служи како загревање на тенисерите пред Вимблдон, а Швајцарецот го има освоено овој турнир 5 пати во кариерата. 


Улица именувана по Роџер Федерер

Според огранизаторите, Федерер го користел овој турнир да се подготви за Вимблдон во изминатата декада, а според изјавите по писмото кое тенисерскиот ас го испратил до организаторите, го смета овој гест за „голема чест“. 

Рожер Федерер, кој е моментално трето-рангиран тенисер на АТП листата, во досегашната кариера има освоено 16 Гренд слем титули

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk