Урош Луковиќ го посети кошаркарскиот клуб Бал Фор Лајф

03.11.2015 13:12 | KumanovoNews

Центарот на Куманово Урош Луковиќ вчера навечер беше во посета на кошаркарскиот клуб Бал Фор Лаиф.

Урош Луковиќ го посети кошаркарскиот клуб Бал Фор Лајф

На младите кошаркари кои тренираат во клубот им го пренесе своето искуство, и им раскажа за неговите почетоци и настапи во младинските натпревари. После разговорот и прашањата на членовите на клубот, следуваше фотографирање и делење на автограми.

Нашиот клуб ја продолжува праксата да на нашите тренизи присуствуваат спортисти и личности кои можат да го пренесат своето искуство на младите кошаркари. Дел од нашите гости беа сестрите Муса кои играа на универзитетите во САД, имавме спортист со олимписки медал Мартин Несторовски а вчера тоа беше идолот на оваа генерација, Урош Луковиќ. Освен тренинг процесот, за нас е доста битно членовите на Бал Фор Лаиф да чујат различни спортски искуства, и сигурно дека ќе продолжиме со овие интерактивни средби - изјави Никола Петковски, тренер во Бал Фор Лаиф.

Луковиќ изјави дека освен обврските кон клубот, имаат одговорност како кошаркари да го шират спортот меѓу младите.

Навистина одлично си поминав на оваа дружење со најмладите. Ветувам дека во следната прилика повторно ќе дојдам на тренинг во Бал Фор Лаиф - изјави Луковиќ.

Урош Луковиќ им порача на младите кошаркари напорно да тренираат и да веруваат во себе, додека тие му посакаа успешен настап на натпреварот во среда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk