Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Репрезентациите на Уругвај и Холандија, вечерва во Кејптаун ќе го одиграат првото полуфинале на Светското првенство.
Уругвајците се единствени претставници на Јужна Америка и бранители на честа на „зелениот континент“, по испаѓањето на Бразил, Аргентина и Парагвај,
Двократниот светски првак, последното полуфинале го играше пред точно четири децении, а шампион беше далечните 1938 и 1950.
Неможам да претпоставам како би се чувствувале во случај да ја освоиме титулата Светски првак. На сите нас идоли ни се членовите на генерацијата 1950. Нема сомнение дека Холандија е фаворит, но мислам дека не е невозможно да ги победиме - смета Табарез.
Вечерва на терен да излезат: напаѓачот Суарез кој играше со рака во дуелот со Гана, како и дефанзивците Диего Година кој е повреден и Хорхе Фусилеа кој има парен број на картони.
Холанѓаните исто така се сеќаваат на нивните најдобри моменти во мундиалската историја. Генерацијата на Кројф, Нескенс и Реп наметна нови стандарди во фудбалот, иако тие никогаш не го освоија Мундијалот. Финале играа во 1974 во Западна Германија и 1978 во Аргентина, каде и двете ги изгубија од домаќините на мундијалот.
Средбата со Уругвај е многу опасен меч за нас. Нашиот следен ривал е многу борбена екипа, каде морате да бидете многу претпазливи - изјави Ван Марвик.
Тој нема да може да смета на Ван Дер Вил и де Јонг, кои по натпреварот со Бразил заработија парен број на картони. Минатите денови повредените Матјенсен и Ван Перси изјавија дека се целосно спремни за Уругвај.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk