УС ОПЕН: Победи за Ѓоковиќ, Мареј и Бердих

02.09.2013 08:31 | KumanovoNews

Фаворитите Новак Ѓоковиќ (Србија), Енди Мареј (Велика Британија) и Томаш Бердих (Чешка) со убедливи 3:0 во сетови ги совладаа своите противници во 3. коло од тенискиот УС Опен

УС ОПЕН: Победи за Ѓоковиќ, Мареј и Бердих

Во осминафиналето на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ се пласира преку победата над Жоао Соуса (Португалија) со 6:0, 6:2 и 6:2 остварена ноќеска за еден час и 40 минути игра. Португалецот немаше сили за посериозен отпор против првиот светски рекет.

Претходно пласман помеѓу најдобрите 16 на Грен Слемот во Њујорк забележа и Мареј, откако го победи Флориан Мајер (Германија) со 7:6, 6:2 и 6:2.

Во 4. коло се пласира и Бердих кој го совлада Жан Бенетоа (Франција) со 6:0, 6:3 и 6:2.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk