Успешен настап на боксерите во Штип

21.11.2011 10:57 | KumanovoNews

Викендов во Штип беше одржано третото коло од боксерската лига на Македонија. Куманово зеде учество со 6 боксери, од кои 4 издвојуваа победа.

Успешен настап на боксерите во Штип

Пред почетокот беа потпишани стипендии кои ги доделува Агенцијата за спорт и млади и Владата на Р.М. со кои боксерите Митревски и Мисини добија статус Спортист - Спортска надеж.

На турнирот во Штип беа постигнати следните резултати:

1. Џемаил Сакиповски (Куманово) - Реџеп Јашаров (Баргала-Штип)  победа на Сакиповски од 5-1.

2.Ибраим Мустафи    (Куманово) - Љупчо Христов (Пелбит-Битола) класичен нокаут рунда 1, победник Мустафи.

3.Николче Митевски (Куманово) - Мендо Џеладини (Тернипе-Скопије) во последната 4 рунда се влезе со нерешен резултат 2-2, но желбата за победа,  брзањето и грешките на Митевски, Џеладини мудро ги искористи и триумфираше со 5-3.

4. Ферди Алија   (Куманово) - Мартин Алексов (Баргала-Штип)  исто како и Митевски така и Алија преголемата желба за победа се одрази негативно на него и Алексов победи со 9-3.

5. Кадри Мемети (Куманово) - Бујамин Шефкији (Шкендија-Тетово) класичен нокаут 1 рунда, победа на Мемети.

6. Мисини е победник без борба.

Со овие победи денеска Куманово избива на првото место во Боксерската Лига на Македонија во конкуренција на 13 екипи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk