Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минатиот викенд, БК Фајтер од Куманово настапи на меѓународниот турнир „Независност“ во Приштина. Кумановци се вратија со 1 златна и 4 сребрени медали.
Можеби успехот на Фајтери би бил поголем доколку на турнирот отпатуваа двата репрезентативци јуниорот Николче Митевски (64кг) и сениорот Гордан Антиќ (69кг). Тие двајца во договор со тренерот не отпатуваа на натпреварувањето, но на нивно место својата шанса добија други 2 натпреварувачи. На турнирот настапуваа боксери од Албанија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и домаќинот Косово при што БК Фајтери ги постигнаа следните резултати:
Единственото злато за БК Фајтер го освои зимското засилување Кадри Мехмет кој настапува во супер-тешка категорија и на овој турнир дебитираше за новиот клуб, и оствари победа со технички нокаут.
Од клубот истакнуваат дека се задоволни од настапот на нивните претставници, но напоменуваат дека би можеле да имаат подобар настап доколку настапуваа Митевски и Антиќ. Сепак истакнуваат дека ова е добра увертира за продолжување на боксерската лига која ќе стартува за месец дена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk