Успешен настап на велосипедистите од „Вело-М“ на трка во Бугарија

29.05.2018 06:45 | KumanovoNews

Велосипедисти од велосипедскиот клуб „Вело-М Термалифт“ од Куманово, викендов учествуваа на меѓународна трка во Бугарија, Долчини Куп.

Успешен настап на велосипедистите од „Вело-М“ на трка во Бугарија

Во силна конкуренција велосипедистот Андреј Петровски освои 2 место во кружна трка, додека Никола Лефков 4. место на друмска трка.

За македонскиот репрезентативец Андреј Петровски кој ја претставуваше Македонија на Светското првенство 2015, 2016 и 2017 година,  ова е тест трка и подготовка за Државното првенство на Македонија, кое ќе се одржи на 24 јуни во Куманово.

Наредната трка која следи е Трофеј Кучи (1-3 Јуни) во Црна Гора каде што очекуваме добри резултати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk