Успешен старт на Надал на УС Опен турнирот

27.08.2013 08:52 | KumanovoNews

Најголемиот фаворит за освојување на титулата на УС Опен, Шпанецот Рафа Надал, фуриозно стартуваше на последниот тениски грен слем во сезоната.

Успешен старт на Надал на УС Опен турнирот

Шампионот од 2010 година, инаку втор носител на турнирот, во првото коло го победи Рајан Херисон со 6:4, 6:2, 6:2.

Првиот ден на грен слемот во Њујорк, најголемото изненадување го направи Британецот Даниел Еванс, кој го елиминира Кеи Нишикори. 179-от на АТП листата победи во три сета со 6:4, 6:4, 6:2.

Турнирот заврши и за Ернест Гулбис, тој е поразен од 88-от играч на светот Адријан Хајдер-Милер, иако имаше водство од 2-1 во сетови и брејк предност во четвртиот сет.

Бернард Томиќ беше на чекор до елиминација, но на крајот против Алберт Рамос победи со 3-2 иако, Шпанецот имаше предност од 2-1 во сетови.

Првото коло на турнирот го минаа уште Руфан, Клан, Давиденко, Турсунов, Лопез, Гаске.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk