Успешна трка за кумановските велосипедисти

21.05.2012 14:37 | KumanovoNews

  Викендов во Велес се одржа велосипедска трка „Куп на Македонија 2012„ на која велосипедистите од Вело-М покажаа извонредни резултати.

Успешна трка за кумановските велосипедисти

 Трката се одвиваше на релацијата Велес -Градско-Велес-Богомила за сениори и јуниори, а за кадети и масрерс на релацијата Велес-Богомила.

Никола Ѓукиќ во јуниорска конкуренција го освои купот на Македонија за 2012, во сениорска категорија Зоран Ристовски се пласираше на 3 место, а во кадетска категорија Денис Колевски се пласираше на 2 место.

Трката се бодува за ранг-листа на Македонија за 2012 година и Клубот Вело-М Куманово успеја да освои бодови кои го зацврстија на првата позиција. На ова натпреварување клубот настапи без Стефан Петровски, кој беше на етапна трка низ Грција, а наредната недела ќе вози во Босна на меѓународна трка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk