Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот маратонец Игор Димовски успеа да го преплива каналот Ла Манш и стана четвртиот пливач од нашава земја, кој успеал да ја мине дистанцата од Довер до Кале.
Димовски во последните километри имал огромни проблеми со високите бранови и морските струи, но сепак и покрај се тој на крајот стигнал до францускиот брег. Иако било предвидено Димовски да плива 34 километри, но поради силните струи кои го враќале назад Димовски речиси препливал 50 километри.
Димовски каналот Ла Манш го препливал за 13 часа и 7 минути и влезе во историјата на далечинското пливање во земјата.
По Атина Бојаџи, Нико Нестор и Томи Стефановски, Димовски е четвртиот маратонец, кој успеал да го преплива каналот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk