Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре низ центарот на Куманово ќе се одржи традиционалната улична трка во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт.
Стартот е закажан за 12.00 часот пред Занаетчискиот дом. Ќе учествуваат ученици од второ до деветто одделение од сите основни, како и од средни училишта во Куманово, во машка и женска конкуренција.
Учесниците ќе трчаат на патеки со различна должина, прилагодени на нивната возраст. Најдолгата стаза ќе биде од Плоштадот до некогашниот ресторан „Рим – Париз“.
Најуспешните млади атлетичари ќе бидат наградени со медали и дипломи.
Трката се одржува под покровителство на Општина Куманово, а во чест на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk